Завршува Канскиот фестивал

Од:

Меѓународниот филмски фестивал во Кан, што почна на 14 мај, завршува денеска со доделување Златна палма и други фестивалски награди. За главната награда се натпреваруваат 21 филм.

Фестивалот го отвори филмот „Мртвите не умираат” од режисерот Џим Џармуш, кој во 1984 година ја доби Златната палма за филмот „Почудно од рајот”. Новиот филм на овој режисер исто така се натпреварува за Златната палма.

Главната награда на 72-от Меѓународен филмски фестивал во Кан ќе ја врачи жири чиј претседател е мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инјариту. Во жирито се и американска актерка Ел Фенинг, францускиот автор на стрипови Енки Билал и режисерите од Грција и Франција, Јоргос Лантимос и Робен Кампио.

Минатата година „Златна палма” доби филмот „Крадливци” (Shoplifters) од јапонскиот режисер Хизоказуа Коре-Еде.

Би можело да ве интересира

Златната палма 2019 ја доби филмот „Паразит“ на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон-ху

Алесандра Амбросио повторно во центарот на вниманието на Канскиот фестивал

Ана Ололовска

„The Sign“ на Венинова предизвика најголем интерес во програмата „Cannes Directors“

Ана Ололовска