Завршна изложба од проектот „Од мајсторот до чиракот“

Од:

Во хотел „Буши“ во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на ракотворби изработени од учесници на курсеви за стари занаети.  Со неа ќе заврши проектот „Од Мајсторот до чиракот“ за ревитализација и повторен развој на традиционалните турски ракотворби на Балканот.

Проектот почна во 2013 година во пет земји, организиран од Институтот „Јунус Емре“ со поддршка на „Халкбанкa“. Опфати седум различни области и вкупно 17 уметнички и занаетчиски курсеви. Курсистите беа обучувани од врвни мајстори од Турција.

На вечерашната изложба ќе бидат претставени ракотворби направени од учесниците на курсот по дрворез и казазијe – традиционална турска техника за изработка на накит.

На курсистите ќе им бидат доделени сертификати, а отворањето на изложбата ќе биде збогатено со настап на групата „Македонија ансамбл“.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“