Заврши снимањето на филмот „Пресуда“

Од:

Последената клапа од долгометражниот игран филм „Пресуда“, бугарско-германско-хрватско-македонска копродукција по сценарио и режија на Стефан Командарев се сними во градот Штендал, Саксонија-Анхалт, Германија.

Филмот е во продукција на Сектор Филм Скопје. Покрај актерските ѕвезди Асен Блатечки од Бугарија и Мики Манојловиќ од Србија, учествуваат и македонските актери Мето Јовановски и Луран Ахмети.

Дејството на филмот се базира на главниот лик Митјо (Блатечки), кој е принуден да изврши работи за кои не успава да си прости до крајот на животот. Како млад пограничен војник на бугарската граница бил принуден да изврши убиство на млад пар од Источна Германија, во обид на бегство кон Турција.

Денес Митјо е повторно на истата граница, но овој пат работи од спротивната страна, помагајќи им на емигрантите од Турција да пребегнат во Европската унија.

Реализацијата на овој проект, како што информира Сектор Филм, беше предизвик за актерите и екипата од секаков аспект. Цврсто решени, тие работеа со часови на исклучително тешките услови, дури студот и поројните дождови не можеа да го спречат снимањето на филмот.

„Пресуда“ почна со снимање на 28 октомври годинава и се снимаше седум недели во Бугарија, а веднаш потоа продолжи уште една недела во Германија. Филмот е поддржан од Филмскиот Фонд на Република Македонија, Bulgarian National Film Center, MDM Film Commission и Medienboard Berlin Brandenburg, Croatian Audiovisual Center i EUROIMAGES.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето