Завршена мисијата Опортјунити на Марс

Од:

Американската Национална аеронаутичка вселенска администрација (НАСА) потврди дека мисијата на роботското возило „Опортјунити“ на Марс е завршена, откако што изгубиле контакт со него во јуни минатата година. Проектот траеше над 14 години.

Претставникот на НАСА, Томас Зурбучен вчера на прес-конференција во Пасадена, Калифорнија, изјави дека Соларниот ровер „Опортјунити“ престанал да испраќа сигнал пред осум месеци и дека НАСА изгубила секаков контакт со него.

Робот-возилото, како извор на енергија користел сончева енергија, но веќе не можело да се напојува оти сончевите колектори му биле прекриени со прав.

Кога во 2004 година „Опортјунити“ слета на Марс малкумина веруваа дека ќе издржи повеќе од 90 дена.

– Малиот робот ги надмина сите очекувања и ни даваше слика за Марс повеќе од 14 години, нагласи раководителот на програмат Џон Каплас.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“