Записи на Дарвин исчезнаа од Библиотеката во Кембриџ

Од:

Универзитетот во Кембриџ упати повик да се најдат две тетратки за Чарлс Дарвин за кои се верува дека биле украдени од Универзитетската библиотека. Едната ја содржи неговата скица за „дрвото на животот“ – симбол на неговата теорија за еволуцијата.

„По обемното пребарување, најголемото во историјата на библиотеката, конзерваторите заклучија дека тетратките чие исчезнување за првпат беше објавено во јануари 2001 година, најверојатно биле украдени“, се вели на интернет-страницата на Универзитетот.

Полицијата е известена, а тетратките, за кои се проценува дека вредат неколку милиони фунти, се ставени во базата на податоци на Интерпол за украдени уметнички дела.

– Длабоко жалам што овие тетратки не беа пронајдени и покрај обемните потфати за барање последниве 20 години, вклучително и најголемото пребарување во историјата на оваа библиотека на почетокот на оваа година, рече Џесика Гарднер, директорка на библиотечната служба.

Универзитетот во септември 2000 година објави дека двете тетратки биле извадени од просторијата каде што се чуваат највредните дела од библиотеката, заради фотографирање. За време на рутинска проверка потоа, во јануари 2001 година, било утврдено дека кутијата со тетратките не е на своето место. Некои библиотекари потоа верувале дека тетратките биле ставени на погрешно место во библиотеката со околу 10 милиони книги, мапи, ракописи и други предмети. Но, се чини, не е така.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ