Заменик-министерот Недељковиќ го прогласи Вевчанскиот карневал за отворен

Од:

Во Вевчани се може да запре, само карневалот не. Со овие зборови, заменик-министерот за култура во Влада на Република Македонија Драган Недељковиќ попладнево и официјално го отвори Василичарскиот карневал во Вевчани.

Над 1.400 години на овој ден се организира вевчанската сцена под маски. Од горното и долното василичарско маало поворките богати со маски тргнаа попладнево и се обединија во центарот на селото каде се одвива целокупната карневалска манифестација.

– Вевчанци и овојпат покажаа дека се мудри луѓе кои приредуваат вистинско уживање за сите посетители, а Вевчани деновиве е топ туристичка дестинација, благодарение на карневалот, изјави на свеченото отварање на карневалското издание, градоначалникот на општина Вевчани Перо Илиевски.

Тој подвлече дека нема да се почувствува одговорен доколку некоја од маските предизвика реакција кај луѓето кои не се од селото или од Македонија, зашто, според него, се до свеченото дефиле, никој не знае какви маски ќе понудат василичарите.

– Маските излегуваат последниот ден и во текот на годината додека се изработуваат се чуваат во тајност, вели Илиевски, кој и покрај минатогодишниот инцидент на кој муслиманите се навредија врз национална основа, повторно не успеа да воспостови контрола над она што му се случува во општината.

И за вечерва, во ова дримколско село е предвидена богата музичка програма со која и официјално ќе биде пречекана Новата година според стариот календар. Ќе настапат Чаки Панкерот, Дијана бенд, Нино Величковски и Благица павловска.

Би можело да ве интересира

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Mинистерството за култура

Ана Ололовска