Загрозените тигри со „извонредно враќање“

Од:

Би-Би-Си

Милиони луѓе ги гледаа во заробеништво во серијата на Нетфликс „Крал на тигрите“.

Но во дивината, популацијата на тигрите опаѓа со децении.

Позитивна вест е тоа дека по неколку години загриженост, бројот на диви тигри се зголемува во некои области.

Новите бројки од добротворната организација за животински свет „WWF“ укажуваат на зголемување на нивниот број. Експертите го опишуваат како „извонредно враќање“.

Во 2010 година, имало само 3.200 диви тигри.

Но, сега пет земји – Бутан, Индија, Кина, Непал и Русија даваат надеж за иднината. Само во Индија, бројот на диви тигри се проценува меѓу 2.600 и 3.350, што сочинува околу три четвртини од светската популација.

Во Непал популацијата на тигри се зголеми од 121 во 2009 година на 235 тигри една деценија подоцна.

Истата ситуација се случува и во Бутан, Кина и Русија, каде зголемениот број на овој вид на тигри укажува на тоа дека напорите за зачувување функционираат.

„Тигрите можат успешно да напредуваат ако имаат доволно простор, храна или вода. Па затоа процесот е резултат на тигрите и нивното живеалиште кое е подобро заштитено“, изјави Бечи Меј.

Бечи е регионален менаџер на „WWF“ во Велика Британија и вели дека иако ова е добра вест, заканата за популацијата на тигрите се уште постои.

„Причината за пад на бројките во последните 100 години е поради промените во користењето на земјиштето“, изјави Бечи. Губењето на живеалишта, ловот и ловокрадството остануваат голема закана.

„Популацијата на диви животни се уништува поради замките што се поставуваат за да се уловат животните“, додава таа.

Според неодамнешни анализи, постојат 12,3 милиони замки во заштитени области на Југоисточна Азија, што претставуваат закана за животинскиот свет.

Што може да направиме за да ги заштитиме тигрите?

Бечи вели дека е потребен „ вистински тимски напор“.

„Мора да го споделиме нашиот ентузијазам за тигрите и да им кажеме на нашите пријатели и семејство колку е важно тоа“. Таа додава дека треба да се осигураме дека предметите што ги купуваме, како дрво и хартија, не се направени од нелегална сеча, што им штети на тигрите.

„Ако ги погледнете етикетите, може да видите дали производот го добивате од вистински избор, можеби и помагате во заштита на шумите, живеалиштата и тигрите“.

Другите земји можат да научат од примерите на Индија и Непал кои бележат големи зголемувања.

„Зачувувањето на тигарот нема да биде успешно без поддршка од владите и политичка волја“, вели Бечи.

„Ни треба ангажман и поддршка од локалните заедници кои, всушност, живеат во областите каде живеат и тигрите. Тоа значи поддршка на заедниците и нивно вклучување во напорите за зачувување на тигрите. И со колективен напор, покажавме дека можеме работите да ги свртиме во корист на тигрите“, додава таа.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија