Холивудски актер возел пијан со двегодишниот син во скутот

Од:

Американскиот актер Пуч Хол беше уапсен во средата вечерта откако под влијание на алкохол и со двегодишниот син во скутот удри со својот автомобил во друг паркиран автомобил.

Според полицискиот извештај, сведоците виделе човек со дете во скутот како вози автомобил по патот, по што се судрил со паркирано возило и бил уапсен на истото место, а детето било предадено на неговата мајка.

Еден од сведоците изјави дека ги видел рацете на детето на воланот, пишува „Дејли мејл“.

„Господин Хол покажа знаци на алкохолизам и не успеа да го помине тестот на трезвеност. Двегодишниот син на Хол бил присутен во автомобилот и се возел без појас пропишан од законот”, според полицискиот извештај.

За среќа, немаше повредени, а на неодговорниот актер му е одредена кауција од 100 000 долари.

Би можело да ве интересира

Алесандар Николоски стана татко, неговата сопруга на свет го донесе Јосиф

А1он

22 годишен глумец почина по компликации од естетска операција – сакал да личи на познат пејач

А1он

Почина актерот Том Сајзмор

Нема надеж актерот Том Сајзмор да закрепне

Продолжува потрагата по британскиот актер кој исчезна на планинарење во САД

Горан Наумовски

Охриѓанец возeл автомобил со 4.07 промили на алкохол во крвта