Второ дефиле на автомобили од марката „Пежо 404“

Од:

Односот кон старото, кон она што е минато, најдобро говори за степенот на респектот на вредностите што низ годините преку секоја наредна генерација се пренесуваат до денес. Не треба да се заборави дека принципите или вредностите што се двигатели на секоја човечка креација се трајни начела и карактеристики, значајни за општествениот и индивидуалниот опстој и прогрес. Во таа смисла она што денес се нарекува „олд тајмер“ всушност почива на истите базични критериуми и принципи и карактеристики што и денес се основи на производство, а во овој случај производство во автомобилската индустрија.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на второто дефиле на автомобили од марката „Пежо 404“ произведени меѓу 1968 и 1973 година. Активноста што е дел од настаните организирани низ целиот свет, посветени на зачувувањето на културното и технолошкото наследство е поддржана од француската амбасада.

– Во основа безбедноста има примарно место, а и не може да биде поинаку кога денешните трендови на општественото живеење сообраќајот го прават еден од клучните сегменти без што практично нема напредок. И во тој контекст ме радува што оваа манифестација покрај културолошкиот и технолошкиот аспект го зема аспектот и на безбедноста во сообраќајот демонстрирајќи го значењето на почитувањето на сообраќајните прописи, како приоритетно остварување на таа безбедност, рече Спасовски.

Додаде дека МВР во годината зад нас драстично го зголеми бројот на сообраќајни контроли, како и бројот на преземени репресивно нормативни мерки во споредба со 2017 и 2016 година. Само по однос на алкотестирањето на возачите, информира дека седумкратно ја засилиле контролата во споредба со 2.200 контроли направени во 2017 година.

Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние истакна дека автомобилите пежо се дел од историјата на Франција и се возила со докажан квалитет.

– Би сакал да истакнам дека бројот на туристи во Северна Македонија се зголемува во летните месеци. Тие доаѓаат главно од земјите членки на ЕУ и важно е да им се покаже дека во Северна Македонија се почитуваат принципите на внимателност, истакна Тимоние.

Би можело да ве интересира

„Буби“ и други олдтајмери на собир во Скопје

Ана Ололовска

Делчево го доби првиот Музеј на олдтајмери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Олдтајмерот на Ал Капоне „1928 Кадилак“ е ставен на продажба

А1он

Оневозможен е пристапот до Музејот за стари возила на Дионис Пашлаков

Ана Ололовска

Олтајмери и мотоцикли од шест држави на вториот „Skopje Classic Day”

Ана Ололовска

Над 50 олтајмери и 30 класични мотоцикли на „Skopje Clаssic Day“

Ана Ололовска