Восочна фигура на Мајкл Џексон отстранета од трговски центар во Копенхаген

Од:

Најстариот трговски центар во Данскa, копенхашкиот „Редовр“ отстрани восочна фигура на Мајкл Џексон оти е навредлива за посетителите и оти може да биде оштетена, имајќи предвид дека покојниот крал на поп-музиката беше обвинуван оти сексуално злоставувал деца.

Маркетиншката менаџерка Шарлот Андерсен изјави дека примиле 15 приговори поради статуата, главно од семејства со деца. Така, Џексон е заменет со „восочен“ Бред Пит.

Во трговскиот центар е отворена изложба на восочни фигури на светски ѕвезди, како што се Мерилин Монро и Џулија Робертс.

Комплексот „Редовр” е отворен 1966 година.

Би можело да ве интересира

Битката за наследството на Џексон продолжува: Мајка му имала џепарлак од 33 милиони долари

Кожната јакна на Мајкл Џексон продадена на аукција – цената е вистинска „ситница“

Екстра Нена откри дали на Евровизијата во Малме и се додворувал Мајкл Џексон

Ранчот „Неверленд“ на Мајкл Џексон продаден за 22 милиони долари

Отштета од сто милиони долари за семејството на Мајкл Џексон за филмот Ливинг Неверленд

Ана Ололовска

Восочната фигура поставена во Барселона воопшто не личи на Лео Меси