Вонземјани работат за Барак Обама

Од:

Вонземјани одамна живеат меѓу луѓето на Земјата, а најмалку две такви суштества работат за администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, тврди поранешниот канадски министер за одбрана, Пол Хелиер.

Тој неодамна на трибината за вонземјанските облици на живот во Вашингтон откри дека на нашата Планета претстојуваат најмалку четири видови на вонземјани, а дека високите бели суштества кои работат за Владата на САД, живеат на територијата на американските воздухопловни бази.

Трибината за неидентификувани летечки објекти (НЛО) ја организираа шестмина поранешни американски конгресмени со намера,а како што самите рекоа, да го направат она што Конгресот не го направил за 45 години. Тие сметаат дека прашањето за вонземјаните е најважното прашање на денешното време.

Главен говорник на собирот беше Пол Хелиер, кој изнесе вџашувачки податоци. Тој тврди дека вонземјаните нас не посетуваат веќе најмалку илјада години, дека доаѓаат од галаксијата Зета Ретикули, Плеиадес, Орион, Андромедиа и Алтаир и дека имаат различни намери.

– Тие кои што велат дека вонземјаните од многу одамна се на Земјата не грешат, а барем две суштества од друга планета работата за американската Влада.

– Тие факти се кријат така што се свртува вниманието на други работи. Така ни зборуваат дека глобалното затоплување е најголема закана за човештвтото, а додека граѓаните се занимаваат со тоа, тие водат војна за контрола на изворите на нафта и воспоставуваат бескрајно смешен финансиски и економски систем, наведува Хелиер.

Тој тврди дека забошотувањето на вистината за вонземјаните е дел на добро скованата завера во која се вмешани тајните друштва и светските лидери.

– Во заверата се вмешани Советот за меѓународни односи, Билдерберг групата, Трилатералната комисија, семејството Рокфелер, како и банкарски и нафтени картели, потоа разни информативни служби и одбрани членови на воените хунти. Сите тие го контролираат светот и се обидуваат да направат една светска влада, наведува Хелиер и додаде дека неговата родна Канада исто така е дел од светската завера.

Поранешниот канадски министер за одбрана заклучи дека поранешниот американски претседател Џорџ Буш требало да го слуша Осама бин Ладен после терористичките напади на САД на 11 септември 2001 година за да ги спознае вистинските мотиви за тој чин, алудирајќи на тоа дека го извеле вонземјани.

Американскиот атомски физичар и поранешен припадник на американската војска Чарлс Хал неодамна го изнесе тврдењето дека војската соработува со вонземјаните низа години.

Тој тврди дека првпат видел суштества од друга планета во 1964 година во воената база во Невада, каде присуствувал на средбата на американската војска и припадниците на вонземјанските видови. Првите вонземјани кои Хал ги видел биле високи до два ипол метри, бледи и антропоморфни, а биле петмина – три мажи и две жени.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност