Воен херој и татко на американската коњаница всушност бил жена

Од:

ДПА – Хамбург

ДНК-анализата покажа дека херојот на Американската војна за независност Казимир Пуласки бил жена или интерсексуална личност по раѓање, според документарниот филм, емитуван во понеделникот.

Генералот, роден во Полска, за кој се смета дека го спасил животот на Џорџ Вашингтон за време на војната против Британија во 1775-1983, познат е и како „татко” на американската коњаница.

Тој заминал во САД каде што бил доброволец во војната и бил познат по исклучителната храброст во битките и по тоа што бил многу приватна и тешка личност и не бил заинтересиран за жени и за опивање. За време на битката за Савана во 1779 година бил тешко повреден и починал неколку дена подоцна.

Претседателот Доналд Трамп минатата година го прогласи 11 октомври за Ден на сеќавање на генералот Пуласки.

Истражувачите првпат го открија вистинскиот пол на Пуласки пред 20 години, кога беше размонтиран споменикот на генералот во Савана во сојузната држава Џорџија и неговите коски беа ексхумирани. Чарлс Мербс, тогашен форензички антрополог на Универзитетот во Аризона, ги проучувал коските заедно со антропологот Карен Барнс.

-Д-р Барнс ми кажа пред да влезам „оди и немој да излезеш врескајќи, го информирал Универзитетот, се посочува во текстот објавен оваа недела. -Таа ми рече да ги проучам многу внимателно и детално, а потоа да седнеме и да разговараме за тоа. Влегов внатре и веднаш сфатив што зборува.

– Скелетот без двоумење беше женски.

Меѓутоа, другите карактеристики на скелетот, вклучувајќи го стасот, возраста и општата градба на телото се совпаѓаа со сè она што дотогаш го знаевме за Пуласки.

Единствениот портрет на Пуласки насликан за време на неговиот живот го покажува со црна дамка под левото око.

-Токму на тоа место има оштетување на коските на черепот, рече Мербс.

Исто така е познато дека генералот ја повредил десната рака во битка во Русија – скелетот исто така имал зарасната фрактура на десната рака.

Исто така, имало јасни индикации дека скелетот бил јавач, што можело да влијае на карлицата, и дека веројатно ги држел рацете како што тоа го прават припадниците на коњаницата во битките.

Но, пред 20 години, и покрај фактот што ги пронашле коските на неговата правнука, истражувачите немаа технологија за со помош на ДНК да утврдат дали коските во споменикот му припаѓале на Пуласк.

Минатата година, тројца научници од Универзитетот во Аризона продолжија со истражување на неговиот случај и беа во можност да утврдат како ДНК на генералот и неговата внука се совпаѓаат.

-Сега знаеме дека коските во споменикот навистина се коски на генералот Пуласки, но сè уште имаме проблем со тоа дека коските се женски, рече Мербс.

-Видете, ако внимателно го проучуваме неговиот живот, и сè што знаеме за него, има интересни мали траги. Мербс верува дека аристократското, воено, полско семејство на Пуласки не било сосема сигурно за полот при раѓањето и одлучило дека е момче и согласно на тоа и го воспитувале.

Таквите работи во историјата не се непознати – германската спортистка Дора Ратен, која се натпреваруваше на Олимпијадата во 1936 година, при раѓање била погрешно идентификувана како женско и нејзините родители, и покрај сомнежите, одлучиле да се согласат со тоа, објави магазинот „Шпигел“ во 2009 година.

Мербс укажува дека многу полски аристократи имале јавни крштевки, но во случајот со Пуласки, неговото семејство рекло дека „боледува од некој вид дефект”, поради што крштевањето било приватно, во нивниот дом”.

Грешката би можела да ја објасни многу приватната личност на Пуласки, резервираноста и амбиција, смета Мербс.

-Не верувам дека некогаш во животот мислел дека е жена, вели Мербс. -Сметам дека тој мислел дека е маж и оти нешто не е во ред. Имал некаков дефект, а тогаш за тоа не се знаело многу.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ