Во продажба билетите за првиот лет со летачко такси

Од:

На Берлинскиот фестивал Гринтех, Волокоптер – пионер на градскиот воздушен превоз, објави дека е почната првата јавна продажба и резервирање летови со електрично воздушно такси во светот. Една карта чини 300 евра и може да се резервира преку интернет.

– Врз основа на нашите јавни пробни летови и записите за регулаторните достигнувања, ние го отворивме патот со кој електричните летови во градовите ќе станат вообичаени за само неколку години. Со почетокот на резервациите, сега ги покануваме нашите обожаватели и иноватори ширум светот да ни се придружат и да бидеме меѓу првите кои ќе ја доживеат оваа нова и возбудлива форма на превоз, рече извршниот директор на Волокоптер, Флоријан Ројтер.

Германската компанија е прва што одлучи да ја комерцијализира оваа сè уште експериментална технологија, дури и пред да добие регулаторна дозвола за летање. Билетите може да се купат на платформата за резервации на Волокоптер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Ајфон 12 – 5-Г“ со нов екран и нов изглед

Ана Ололовска

ВИДЕО: Летечки костим за побрза итна помош

Ана Ололовска

Новиот Плејстејшн 5 во ноември за 400 и 500 долари

Ана Ололовска

„Епл“ го одложи претставувањето на новиот „Ајфон“

Ана Ололовска

Уред за комуникација меѓу луѓето и животните

Ана Ололовска

Први фотографии од новиот „Галакси воч 3“

Ана Ололовска