Во праисторијата бебињата пиеле млеко од овца и крава

Од:

Археологијата посветува многу време и напор за да утврди што јаделе нашите предци. А, во таа смисла, најмалку се знае за новороденчињата, на пример – што кога нивните мајки престанувале да дојат? Науката знае многу малку за тоа што бебињата и малите деца јаделе во длабоката древност, меѓу другото, и поради тоа што детските гробови, каде што на дното обично се наоѓаат остатоци од храна, се поретки.

Тим германски археолози неодамна пронајдоа две детски гробници во близина на Берлин и Аугсбург, во кои е најден прибор што веројатно се користел за чување храна за децата закопани таму.

Гробовите се од европското бронзено и железо доба, што се протега од 1200 до 450 година пред нашата ера. Анализата на садовите најдени на дното покажа дека тие содржат кравјо и овчо млеко.

Наодите посочуваат дека животинското млеко е првата храна што мајката им ја давала на децата кога престанувало доењето.

Би можело да ве интересира

Почнаа археолошките истражувања во Стоби

Ана Ололовска

Археолошкиот локалитет Стоби од денеска отворен за посетители

Ана Ололовска

Почнаа археолошките ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане

Ана Ололовска

Пештерата Рамниште кај Прилеп крие траги од култура од минати времиња

Ана Ололовска

Виртуелна тура низ „Неолитско село“ во Тумба Маџари

Ана Ололовска

Најстарата градба на древните Маи

Ана Ололовска