Во Лос Анџелес отворен првиот вегански бутик

Од:

„Vegan Fashion Library” (Веганска модна библиотека) е името на првиот бутик отворен во Лос Анџелес, САД – посветен на веганските модни брендови. Ова значи дека во него се достапни само еколошки, вегански и креации на компании кои работат според одржливи протоколи.

– Водиме кон позитивни промени преку свесност и креативност. Да ја искористиме оваа можност да размислиме за причината за пандемијата, да погледнеме над физичкото растојание и да создадеме нова свест, за да го смениме однесувањето, вели Емануел Риенда, основач на Веганската модна недела.

Понудата на овој бутик вклучува облека, накит и модни додатоци. Ова е прва продавница посветена на етичко-вегански дизајнери, а произлезе од „Веганската модна недела“. Во овој бутик можете да најдете креации изработени од иновативни материјали како што се веганска свила, растителна волна и кожа од кактус.

Ќе има и можност за избор и купување преку интернет.

– Модната индустрија страда и веганските дизајнери одлучија да направат чекор понатаму и да работат независно од други и со помалку познати материјали. Јас го создадов овој концепт на веганска мода за да ги поддржам. Многу брендови не ми плаќаат, па затоа јас лично вложувам во оваа област. Треба да работиме за потиснување на нашите желби и промовирање сочувство кон животните и планетата за да можеме креативно да одговориме на она што се случува, а тоа е пандемијата предизвикана од злоупотребата на животни, нагласи Риенда.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска