Во Лондон се продава јахта претворена во удобен дом

Од:

Јахта претворена во удобен дом бара нов сопственик, а нејзината цена за купување е 100.000 фунти. Оние што сакаат да живеат „на вода“ сега можат да си купат јахта стационирана во Ротерхајт, во југоисточен Лондон.

Направена е во 1990 година, а сегашниот сопственик живее во неа веќе три години. Тој вложил напор да го претвори во убаво место за живеење, а внатрешноста има сѐ што е потребно.

Горната палуба служи како дневна соба за дружење со гости и за кафе, а долната палуба има кујна. На задната страна на јахтата има тросед, како и маса со стол за работа од дома, а има и брз интернет.

На долната палуба има и голема спална соба, но нема бања, бидејќи сопственикот го искористил просторот за гардеробер. Меѓутоа, во близина има тушеви и тоалети, само неколку метри подалеку.

Јахтата не пловела три години и годишното приземјување чини 5.995 фунти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Демонстрантите во Лондон кои маршираа за поддршка на Палестина го затворија Тауер бриџ

Горан Наумовски

Полицијата oд Лондон извести: Веруваме дека го пронајдовме телото на напаѓачот од Лондон

Горан Наумовски