Во „KO-РА“ изложба на облека и накит на дизајнерката Александра Вељановска

Од:

Во малиот салон на Галерија „KO-РА“, во Ј.У.Дом, на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, од вечерва сабота, 21. мај отворена е изложбата на дизајнерска облека и накит на тема „МАРТ“ на познатата дизајнерка Александра Вељановска.

Александра Вељановска, своето високо образование го стекнува на Евроипскиот универзитет во Скопје, на Факултет за Арт и дизајн, класа проф д-р Јана Манева Чупоска и проф д-р Гордана Вренцопска. До сега има реализирано нд дваесет самостојни, групни изложби од хуманитарен карактер. Твори под името Avel clothing and accessories. Колекцијата „МАРТ“ содржи креации на дизајнерска облека и накит која опфаќа повеќе стилови, а нотата што ги поврзува сите е акцентот на голиот грб на маиците кој дава момент на жествоност. На оваа нејзина самостојна изложба изложени се нејзините креации во разнородни материјали.

Изненадува нејзиниот чудесен спектар на разнородни инспиранси, кои не водат од архаичното, до егзотичните влијаниа на далечните и древни култури, па до современото, со попречистени и стилизирани форми кои го посчуваат геометризмот, па се до футуристичкото, или компилација некогаш и во духот на фјужн стајл, изненадува разнообразноста во варијацијата на одбраните форми и материјали, и интерпретацијата особено ви дизајот на накитот кој добива според естетскиот дострел значење на секогаш една нова минуциозна ликовна творба, која може да биде автохтоно дело, или пак интерпретирана и интегрирана, односно применета и изведена во други дизајнерски материјали, и творбиод употребен карактер во ентериерот, облеката, акцесориите, на мебелот, или преточена во принт во креации како орнамент, со секогаш една нова , уникатна, автентична композиција, со специфичен, автентичен мотив и разнородни материјали минуциозно вткаени во структурата, истакна Виолета Калиќ, историчарката на уметностм по повод отворањето на оваа самостојна изложба на веќе познатата дизајнерка Александра Вељановска во Галерија „КО-РА“.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска