Истражувањето спроведено на Универзитетот Јејл го поврзува ТХЦ, најважната психоактивна состојка на марихуаната, со зголемување на моменталната активност на мозочните клетки.
ТХЦ во дози кои одговараат на количина на половина испушен „џоинт“ кај испитаниците доведувало до неорганизирани мисли и промена во перцепцијата на стварноста.
Научници во стручното списание „Biological Psychiatry“ додаваат дека ваквите симптоми инаку се поврзуваат со психоза.
Според нив, новите наоди објаснуваат поради што кај некои конзументи на марихуана доаѓа до последици слични на психоза.
Во истражувањето учествувале 24 испитаници кои интравенозно примале од 0,015 до 0,03 милиграми ТХЦ по килограм телесна маса, а влијанието на ТХЦ врз мозокот е следено со помош на електроенцефалограм (ЕЕГ).