Виндоус 8 на Мајкрософт достапен во Македонија и на македонски јазик

Од:

Нови понуди, апликации и широк спектар на опции за хардвер се неколку од можностите што ги нуди Виндоус 8 на своите клиенти. Виндоус 8, Мајкрософт, го презентираше за своите клиенти во целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Достапен ќе биде на повеќе од 140 пазари и адаптиран на 37 јазици, меѓу кои и на македонски.

На своите клинети со новиот производ, кој според нив е револуционерен, нуди  нов кориснички интерфејс, широк спектар апликации од Виндоус оперативниот систем, достапен на повеќе од 1.000 Виндоус 8 сертифицирани модели компјутери и таблети.

Со лансирањето на Виндоус 8, Мајкрософт го отвора прозорецот кон светот, воопшто, за таблети или персонални компјутери, без разлика дали корисникот има потреба од креирање, работа или забава – Виндоус 8 обезбедува можности кои одговараат на секој личен стил и потреби.

Виндоус 8 ќе биде достапен во две верзии во продажбата на мало Виндоус 8 и Виндоус 8 ПРО. За сите деловни корисници конфигуриран е Виндоус 8 Ентерпрајз, кој нуди нови можности во мобилното работење, како и подобрена енд – то – енд безбедност на функции. Во исто време, претставен е новиот член на семејството од Виндоус дизајниран за АРМ-базирани таблети.

Една од главните карактеристики на Виндоус 8 е новиот брз и лесен почетен екран кој им овозможува на корисниците оне клин пристап до апликациите, како и содржина која за нив е најважна – со сосема нов Интернет Експлорер 10, кој е совршен за тач и има вграден СкајДраив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Осум лица осудени во Германија за овозможување илегална работа на интернет сајтови

А1он