Вилијам тажен за одлуката на брат му Хари: Не можам веќе да го подржувам

Од:

Цел живот го поддржував брат ми, но веќе не можам, рече принцот Вилијам во првата изјава откако принцот Хари и неговата сопруга Меган одлучија да се откажат од сите кралски должности и со тоа го шокираа кралскиот двор.

Војводата од Кембриџ рече дека е тажен заради одлуката на принцот Хари да се одвои од кралското семејство и затоа што кралското семејство „ веќе не е екипа“, наведува „Сандеј тајмс“.

-Цел живот го поддржував брат ми и го штитев, но веќе не можам. Ние сега сме два одвоени света. Тажен сум поради тоа. И се што можеме да направиме, се што можам да направам, е тоа да ги подржиме и да се надеваме дека ќе дојде денот кога повторно исто ќе мислиме. Сакам сите да бидеме во една екипа, му кажал Вилијам на еден свој пријател.

Британското кралско семејство утре ќе се состане за да ја разгледа натамошната иднина на војводата и војводката од Сасекс, откако двојката во средата соопшти дека ќе се повлече од должноста на „виши“ членови на кралското семејство и ќе стане финансиски независна, пишува британскиот весник.

Би можело да ве интересира

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он

Писма на Чарлс Трети предизвикаа загриженост: „Се меша“ околу влијанието врз министрите на британската влада

А1он

Вилијам и Кејт преку ноќ станаа милијардери: Добија делови од национален парк, терен за крикет и затвор

А1он