Виенски гулаш со кнедли

Од:

Највкусниот и најароматичниот гулаш!

Потребно е:
800 г говедско месо за гулаш (од врат, грб, може и мешано)
3 главици кромид
3-4 лажици блага мелена црвена пиперка
2 лажичиња лута мелена црвена пиперка
50 мл бел вински оцет
3 чешниња лук
масло за готвење
2 лажичиња ким во прав
3 лаворови листа
2 лажици мајоран
2 лажици пире од домати
тенко излупена кора од 1 лимон
2 коцки за говедска супа
1 л вода
2 лажичиња свежо мелен црн пипер
сол

за кнедлите од леб:
4-5 парчиња бел леб
2 јајца
3 лажици гриз
3 лажици ситно рендан тврд кашкавал
300 мл млеко
3 лажици брашно
1/2 лажиче изрендано морско оревче
1/2 лажиче мелен ким
3-4 лажичиња сув магдонос (може и свеж)
1/2 главица кромид
масло за готвење
сол, црн пипер

Подготовка:
– Во подлабоко тенџере ставете масло колку да го покрие дното и оставете го да се затопли. На врелото масло додадете го месото исечкано на мали коцкички. Не додавајте го целото месо одеднаш, туку дел по дел за месото да се пржи, а не да се динста (ако го додадете целото месо одеднаш тоа ќе пушти повеќе течност). Пржете го 1-2 минути додека месото малку не потемни, но само одозгора. Со решеткаста лажица извадете го месото на чинија.

– Сега во тавата на истото масло дададете го ситно сечканиот кромид и на средна температура пржете го 10-тина минути. Кромидот треба да добие убава златнокафена боја. Одвреме-навреме промешајте.

– Додадете ги пирето од домати и кимот и пржете уште 30 секунди.

– Вратете го месото во тенџерето и измешајте го со кромидот.

– Додадете ја водата во која претходно сте ги растопиле двете говедски коцки за супа и оцетот. Измешајте.

– Сега додадете ги сите останати состојки освен кората од лимон и лукот и убаво измешајте. Варете на тивко околу 1 час и 30 минути. По потреба одвреме-навреме додавајте по малку вода.

– Последните 15 минути додадете ги ситно исечканата кора од лимон и ситно сечканото лукче. Пробајте и ако има потреба додадете уште малку сол.

– Кога гулашот ќе биде готов, месото треба да се распаѓа кога ќе го стиснете со вилушка.

– Сосот треба да биде густ, ако е погуст од што треба додадете уште малку вода и доварете го уште 2-3 минути.

– Оставете го гулашот да отстои 20-30 минути пред да го сервирате.

– Сега преминете на подготовка на кнедлите. Во еден подлабок сад издробете го лебот на помали парчиња и прелијте го со топло млеко (не врело). Оставете го 15-20 минути да го впие млекото.

– Во една тава на рингла пропржете го ситно сечканиот кромид и потоа додадете ја смесата од леб и млеко. Измешајте.

– Додадете ги јајцата, магдоносот, ренданиот кашкавал, ким и морското оревче. Додадете малку сол и црн пипер. Убаво измешајте.

– Додадете го оризот и продолжете со мешањето.

– Додадете брашно додека да добиете густа смеса.

– Со рака земајте од смесата и обликувајте топчиња. Потоа со лажица спуштајте ги кндлите во вода што врие. Кога ќе испливаат на површината варете ги уште 2-3 минути. Вадете ги со решеткаста лажица и ставете ги на чинија.

– Сервирајте го гулашот во чинии со по 2-3 кнедли во секоја чинија.

Би можело да ве интересира

Стапчиња со ајвар и сирење

Ана Ололовска

Ароматичен млад грашок со зачини

Ана Ололовска

Тиквички со пченкарно брашно и кашкавал

Ана Ололовска

Сок од кајсии

Ана Ололовска

Пилешки ролнички

Ана Ололовска

Тирамису со малини