Виена – европска престолнина на клукајдрвците

Од:

Организацијата за заштита на птиците – „Птичји живот“ (BirdLife Österreich) и Одделот за заштита на животната средина на Градот Виена ги објавија резултатите од пописот на птици во главниот град на Австрија. Во пребројувањето учествувале 1.280 граѓани и забележани се 8.500 птици.

Во однос на клукајдрвците и врапчињата, има 1.927 пријави. Во 1.457 записи, клукајдрвецот игра главна улога. Тоа е најчестиот вид птица и, во споредба со другите видови, продира најдлабоко до центарот на градот.

Клукајдрвецот го има во сите паркови во Виена, а и по некои од двровите. Покрај Големиот клукајдрвец, застапени се и Зелениот, Црниот, Црвеноглавиот и Планинскиот клукајдрвец.

– Како дел од проектот, девет од 10 европски видови клукајдрвци се откриени во Виена, што го потврдува угледот на Виена како „тајната престолнина на клукајдрвецот“ во Европа!, изјави Ева Карнер-Ранер во име на „Птичји живот“.

Се покажа и дека три четвртини од сите врапчиња живеат во грмушка, а многу малку се пронајдени на дрвја (10 отсто) или на ридовите (пет отсто). Покрај тоа, врапчињата се кријат и во пукнатините на старите згради.

– Овој попис покажува колку се важни дури и малите зелени скривалишта во урбаната средина за опстанокот на птиците, смета проект-менаџерот Јозеф Микоцки од Одделот за животна средина на Градот Виена.

Би можело да ве интересира

Кинезите гласаат за најгрди нови изградби

Ана Ололовска

Зошто животот на село е поубав?

Ана Ололовска

ЕУИ: Копенхаген е најбезбедниот град во светот

Ана Ололовска

Слики кои покажуваат колку е мал човекот споредбено со околниот свет

Ана Ололовска

Сан Франциско прогласен за најдобар град во светот за 2021 година

Ана Ололовска

Британец им остави наследство на вработените во oмилениот турски хотел

Ана Ололовска