Виена е најпријатниот град за живеење во светот

Од:

Виена е најпривлечниот град за живеење и за посета во светот, се наведува во класификацијата на „Економист интелиџенс јунит” за 2019 година. Австриската престолнина втора година по ред е пред Мелбурн, а Париз е подолу на листата поради протестите на „Жолтите елеци”.

Виена привлекува туристи најмногу поради концертите на класична музика и империјалната историја, но и со зелените пространства, одличната услуга и високото ниво на безбедност. До пред две години, Мелбурн седум години беше на врвот на оваа листа од 140 градови во светот.

Разликата меѓу двата града е минимална – 0,7 поени. Виена има 99,1 / 100, а Мелбурн – 98,4 поени. Следи Сиднеј, со 98,1 поен. Во првата десетка доминираат Австралија и Канада, со по три градови. Јапонија има два претставника – Токио и Осака. Деветти град на листата е Копенхаген, Данска.

Париз падна за пет места, на 25-то, благодарение на немирите и демонстрациите на „Жолтите елеци” годинава. Последни во класификацијата се Дамаск, Лагос, Дака, Триполи и Карачи.

Листата од 140 градови се прави врз основа на: животниот стандард, стапката на криминал, инфраструктурата, транспортната мрежа, достапно образование и медицински услуги, економско-политичката стабилност… А сега, предвид се зема и влијанието на климатските промени врз квалитетот на животот. Во таа смисла, Каиро и Њу Делхи се посочени како градови со загаден воздух и недостаток на снабдување со вода.

Би можело да ве интересира

Сингапур, Хелсинки и Цирих се „најпаметните“ градови

Ана Ололовска

Таџ Махал по шест месеци повторно отворен за посетители

Ана Ололовска

Исланд – земја на геолошки чуда и мост меѓу два континента

Ана Ололовска

Тајланд се насочува кон „затворскиот туризам“

Ана Ололовска

Како фејсбук групата „Туризам во Македонија“ започна неформална промоција на убавините

Ана Ололовска

Сурфањето на ветер се поатрактивен спорт во Охрид

Ана Ололовска