ВИДЕО: Заштитна маска од бело злато и дијаманти се продава во Русија

Од:

Компанијата „Моци“ од Санкт Петерсбург, Русија, создаде луксузна заштитна маска за оние со подлабок џеб и префинет, скап вкус. Станува збор за маска за лице изработена од 450 грама бело злато, а покриена со дијаманти.

Основачот и креативен директор на компанијата, Дмитриј Кузњецов покажа како изгледа ексклузивниот дизајн. Тој рече дека ја осмислил маската за време на првиот бран на пандемијата на коронавирусот.

Цената на луксузната маска е 135.000 долари, односно околу 110.000 евра. Маската е украсена со 3.750 дијаманти и е со вкупна тежина од околу 500 грама.

Кузњецов вели дека компанијата првично не очекувала да најде купувач за производот. Но, на нивно изненадување, откако маската беше претставена пред јавноста, еден приватен колекционер веднаш се јавил како заинтересиран.

– За да ја одбележам оваа „посебна“ година, решив да дизајнирам маска што ќе потсетува на овој настан. Создадов нешто занимливо и нешто што ќе остане. Ова не е само маска со филтер, вели дизајнерот.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски