(ВИДЕО) За него допрва ќе се слушне: Даниел Крстески има нова песна – „Сто една“

Од:

Факт е дека на македонската естрада недостигаат нови имиња кои ќе ја освежат и ќе допринесат за создавање на музика со квалитетен звук.

Еден таков пример е младиот пејач Даниел Крстески, кого досега македонската публика немала многу прилика да го слушне и види.

Но, Даниел е еден од тие нови изведувачи кои планираат сериозно да се посветат на творење и продуцирање македонска музика во иднина.

По тој повод тој денес ја промовира неговата нова песна која носи наслов „Сто една“. Станува збор за нумера со позитивен ритам и одличен текст, зад кои како автор се потпишува токму Даниел.

За потребите на песната е снимен и видеоспот, каде покрај младиот пејач може да се видат уште неколку атрактивни девојки.

– Оваа песна е мое прво дело каде се потпишувам како автор и на аранжманот покрај Борјан Кралески. Се надевам дека ќе помине овиј стил кај публиката бидејќи е поразличен од досегашните мои проекти. На спотот работевме во „LinaraProduction“ и дечките завршија одлична работа. Инаку веќе работиме на две нови песни кои треба да бидат објавени до крајот на оваа година – вели Крстески.

Како што кажа Даниел, тука не застанува. За многу брзо време од него ќе ја слушнеме и новата песна.

Би можело да ве интересира

Концерт на Бело дугме вечерва на плоштад Македонија

Ана Ололовска

„Ние“ песна полна емоции, видео полно стари спомени

Ана Ололовска

Екс фудбалерот Џибрил Сисе сега е ди-џеј, вечер ќе пушта музика во Белград

Доминго нема да пее во Јапонија поради секс-скандалот

Ана Ололовска

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

Потрага по гитарата на Пол Макартни што исчезна пред повеќе од 50 години

Ана Ололовска