ВИДЕО: Во пожар во Франција уништени два милиони шишиња вино

Од:

Во пожар што избувна во вторникот попладне во магацин на познат дилер на вино во Бордо, уништени се околу 2 милиони шишиња вино!

Според локалниот портал sudouest.fr, огнот бил видлив од далеку, и било толку лошо што сведоците сметале дека е голем шумски пожар. Кога пожарникарите дошле на местото на несреќата, пожарот бил висок 10 метри, а половина од складиштето горело. 60 пожарникари со 15 возила за еден час успеаја да го стават огнот под контрола.

Околу два милиони шишиња складирани во кутии и картони на палети беа уништени откако на нив падна горниот таван. 80 работници го напуштиле складот на време и никој не бил повреден.

Засега не е позната позната причината за пожарот.

Би можело да ве интересира

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски