ВИДЕО: Во Белата куќа пристигна божиќната елка

Од:

Во Белата куќа денеска пристигна божиќната елка, што според традицијата е примена од првата дама на САД, Меланија Трамп.

Годинава, претседателската резиденција ќе ја краси ела четинар висока речиси шест метри, а снабдена од компанијата „Ден анд Браун трис“ од Западна Вирџинија.

Под звуци на божиќни мелодии во исполнување на оркестар, дрвото беше донесено до северниот трем на Белата куќа на коњска запрежна кола. Поради пандемијата, првата дама излезе на тремот со маска.

Изборот на елката за Белата куќа од 1969 година го прави специјална асоцијација.

Со пристигањето на елката започнуваат и годишните празнични настани во Белата куќа. Неделава треба да се изврши и уште еден празничен обред: симболичното помилување на мисирка од страна на претседателот на САД.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар