ВИДЕО: Во Балтикот пронајден брод стар пет века

Од:

На дното на Балтичкото Море, недалеку од брегот на Шведска, истражувачи пронашле остатоци од брод стар околу 500 години, што се уште е во доста добра состојба.

Како што се наведува, бродот потекнува од крајот на 15. или почетокот на 16 век. Се претпоставува дека јарболите, како и другите делови од пловилото се речиси нечепнати поради ладните и помалку солени балтички води.

Потеклото на бродот сè уште не е точно утврдено. Освен тоа, нема име, оти во тоа време и во овој дел од светот, именувањето бродови не било пракса, па штотуку пронајденото пловило е означено само како – „Непознат брод” (на шведски – „Okänt Skepp“).

Долг е околу 18 метри, речиси колку славната водечка „Санта Марија” на Колумбо, која исто така, е изградена во тоа време.

„Непознатиот брод” е од големо историско значење, оти е постар и посочуван од многу други потонати бродови во Балтикот.

Археологот Пачеко Руиз го опиша бродот како „најстариот брод на Балтикот” и нагласува дека никогаш порано не е откриен брод со јарболи и сидро во тоа подрачје.

Најголемото прашање е – како бродот воопшто завршил на дното, оти нема оштетувања што би можеле да предизвикаат потонување.

Следуваат дополнителни истражувања.

Би можело да ве интересира

Сингапур, Хелсинки и Цирих се „најпаметните“ градови

Ана Ололовска

Таџ Махал по шест месеци повторно отворен за посетители

Ана Ололовска

Исланд – земја на геолошки чуда и мост меѓу два континента

Ана Ололовска

Тајланд се насочува кон „затворскиот туризам“

Ана Ололовска

Како фејсбук групата „Туризам во Македонија“ започна неформална промоција на убавините

Ана Ололовска

Сурфањето на ветер се поатрактивен спорт во Охрид

Ана Ололовска