ВИДЕО: Во Австралија откриено чоколадо од пред Илинденското востание, сосема добро за јадење

Од:

Метална кутија со чоколадо, која му припаѓала на австралискиот поет Бенџо Патерсон, е пронајдена неодамна, а според извештаите, неверојатно е тоа што почнала да се распаѓа фолијата во која е завиткана, но чоколадата е во сосема добра состојба и може да се јаде, иако е произведена во 1900 година.

Лимената кутија во која било најдено чоколадото старо 121 година била дел од редовните оброци на војниците во Бурската војна во Јужна Африка. Кога е откриена, била речиси недопрена и во совршена состојба. Самото чоколадо и натаму имало специфичен, но пријатен вкус и мирис и било сосема добро за јадење, велат научниците кои го истражувале.

„Беше интересен мирисот, кога ја отворивме кутијата. Сфативме дека всушност се работи за чоколадо, кое било добро спакуванo и завитканo,“ изјави Џенифер Тод од Националната библиотека на Австралија.

Пакувањата наменети за британските војници на бојното поле во Африка ги испратила и потпишала лично кралицата Викторија, тогашниот монарх во Обединетото Кралство. Направени се вкупно 35 тони чоколадо, кај познатиот произведувач „Кедбери“, кое било спакувано во посебни лимени кутии на чија позадина се втиснати зборовите: „Јужна Африка 1900. Би посакувам среќна Нова година“.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов