ВИДЕО: Вјоса, дива река во Албанија, стана национален парк

Од:

Вјоса, една од последните диви реки во Европа, по одлука на албанската влада е прогласена за национален парк и со вака стекнатиот статус е заштитена од изградба на хидроцентрали.

По долга кампања на национални и меѓународни невладини агенции и со помош на познати личности како актерот Леонардо ди Каприо, величествената река и нејзините притоки се здобија со статус што им овозможува највисоко можно ниво на заштита, велат еколозите.

Вјоса тече низ Албанија во должина од 192 км

Вјоса потекнува од Грција, создава меандри и тече во Албанија во должина од 192 километри и се влева во Јадранското Море северно од пристаништето Валона, а нејзиниот тек никаде не е нарушен од инфраструктурни објекти.

Таа река воодушевува со својата исклучителна убавина и биодиверзитет. Според невладините здруженија EuroNatur, Riverwatch, EcoAlbania и MedINA, реката била загрозена од бројни хидроенергетски проекти, како оние кои веќе ги има во самата Албанија и остатокот од Балканот.

Би можело да ве интересира

Работник од Албанија падна од објект во изградба во Чаир и загина

Пали Колефски реизбран за градоначалник на Пустец

Горан Наумовски

Земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Убиен вработен при напад на телевизија „Топ канал“ во Тирана: Напаѓачите го запалиле возилото со кое избегале

Ана Ололовска

Српски планинар се повреди во Албанија, со хеликоптер е пренесен во болница

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија