ВИДЕО: Уникатна видео венчавка во Сингапур поради страв од коронавирусот

Од:

Венчавките никогаш не се одвиваат како што е планирано, но стравот од коронавирусот резултираше со една уникатна прослава, без младенците.

Млада сингапурска двојка, Џозеф Ју и Канг Тинг, се вратиле од патување во Кина неколку дена пред венчавката и гостите биле загрижени дека биле изложени на коронавирусот.

Дв ојката смислила решение, па пријателите и семејството биле во салата без младенците кои организирале видео повик од хотелска соба од која ги поздравиле гостите.

Младенците оддржале и говор и наздравиле со гостите „од далечина“.

Двојката отпатувала за Кина на 24 јануари во Хунан, да ја прослават кинеската Нова година и се вратиле на 30 јануари. Венчавката била закажана за 2 февруари во Сингапур. Двојката веќе се венчала во Кина, а другата церемонија била планирана поради семејството и пријателите на младенците.

Во Азија е вообичаено оддржување на две церемонии, особено кога младенците се од различни земји.

Во Сингапур досега се забележани 33 случаи на зараза.

Би можело да ве интересира

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

МВР: Уапсен е командир кој пукал со оружје на свадба

(ВИДЕО) Свадба во авион-невестата направи венчаница во тоалетот

Предраг Петровиќ

Невеста од Србија претепана на сопствената свадба: Имам исекотини и целата сум со модринки

А1он