ВИДЕО: Три илјади луѓе со негативен ПЦР тест се забавуваа во Ливерпул

Од:

По повеќе од една година љубителите на ноќниот живот во Ливерпул конечно уживаа. Три илјади луѓе синоќа се собраа на огромна забава во ноќниот клуб Circus (некогашен магацин), а други 3.000 ќе се забавуваат утре на истата локација.

Всушност станува збор за нов проект, со кој се истражува потенцијалното пренесување на коронавирусот во ситуација кога сите присутни на забавата пристигнале со најнов негативен ПЦР тест.

Тестот бил доволен за влез на забавата, не биле потребни ниту маски, ниту одржување дистанца. Луѓето се прегрнувале и танцувале едни до други, како во „добрите стари времиња“.

– Луѓето се поттикнати да танцуваат, да се испотат, да уживаат, односно да се однесуваат како да е се нормално. На некои тоа им беше сосема нереално и чудно што никој не носи маска, изјави еден учесник на забавата за Скај Њуз.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он