Британската телевизија Би-Би-Си го објави трејлерот за новата трета сезона на популарната телевизиска серија „Шерлок“, но засега не го обелодени датумот на стартот на нејзиното емитување.
Иако трејлерот трае само 26 секунди, тој со голема брзина се прошири низ социјалнитее мрежи и за помалку од 24 часа од неговото објавување веќе има повеќе од половина милион прегледувања.
Но, од самиот трејлер, не може да се добијат многу информации за новата сезона. Она што може да се „откире“ е дека Вотсон сега ќе носи мустаци и дека Холмс го прживел падот со кој заврши втората сеозна. Прежувувањето на Холмс секако и не претставува изненадување, инаку во спротивност не би ни имало ново продолжение на серијата.