(ВИДЕО) Трамп го имитираше Бајден: „Момчето не може да се симне од сцената“

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го исмеваше својот „наследник“ Џо Бајден затоа што неколку пати се сопна по скалите за време на конвенцијата на Републиканската партија во државата Калифорнија. Во обраќањето пред толпата, Трамп рече дека Бајден не може да го најде патот надвор од сцената.

„Момчето не може да се симне од сцената. Видете, има сцена. Никогаш порано не сум ја видел оваа глупава сцена. Но, ако одам лево, има скали, а ако одам десно, има скали. И ликот се збунува и вели „каде сум јас? Страшно“, рече Трамп, па дури и го имитираше Бајден.

Трамп го даде својот коментар во врска со инцидентот во јуни кога Бајден се сопна со вреќа со песок додека ги делеше дипломите на церемонијата на дипломирање за Академијата за воздухопловни сили на САД во Колорадо. Бајден, кој е најстариот американски претседател, има 80 години и се кандидира за втор мандат.

Кога би победил повторно во 2024 година, на крајот на вториот мандат би имал 86 години. За време на неговото претседателствување, Бајден беше сниман неколку пати во „незгодни“ ситуации.

Претходно оваа година, претседателот падна додека се качуваше на скалите на авион по ненадејното патување во Украина и Полска. Минатата година Бајден падна од велосипед додека зборуваше со новинарите во неговиот роден град Делавер.

Би можело да ве интересира

Трамп ги повика поддржувачите да одат во одлучувачките држави за победа на изборите

Трамп поднесе барање за директен телевизиски пренос од неговото судење

Хилари Клинтон го спореди Трамп со Хитлер: Тој ќе стави крај на демократијата во САД

Поранешен соработник на Трамп осуден на 70 месеци затвор

Трамп е казнет со 5.000 долари поради омаловажувачка објава на неговата социјална мрежа

Судењето на Трамп започнува на 2 октомври, тој е осомничен за измама