ВИДЕО: Тој има 190 килограми, а таа 50: Јаде на секои два часа, познат е од Играта на троновите

Од:

Хафтур Џулиус Бјорнсон (34) е висок 206 сантиметри и тежок приближно 193 килограми, додека неговата сопруга, фитнес инструкторката Келси Хенсон (33) е само 158 сантиметри и не му е ниту до рамениците. Таа е дури 140 килограми полесна од него. Ѕвездата од серијата „Игра на тронови“, кој го играше ликот кого го нарекуваа Планина, со сопругата е главна атракција каде и да се појави.

Тие двајца важат за најнеобичниот пар токму поради разликата во висината и тежината. Тие се во брак од октомври 2018 година, а на луѓето секогаш им е смешно кога ќе ги видат заедно поради висинската разлика. Многумина коментираа дека девојката личи на неговата ќерка и го прашауваат – како се бакнуваат.

Парот не обрнува внимание на коментарите, а актерот е особено горд бидејќи важи за еден од најсилните мажи на светот. Тој за британските медиуми откри и која е тајната на неговата успешна „маса“.

– Можам да подигнам илјада килограми, а во организмот на ден внесувам 10.000 калории дневно. Морам да јадам на секои два часа за да ја задржам постоечката маса, изјави Планина за „Дејли мејл“.

Поради својот изглед, актерот призна и дека не може да лета во економска класа, но мора да лета во бизнис класа. Додека неговата сопруга открила колку на Планината и треба многу храна.

– Тој јаде многу. „Ако одиме во супермаркет, ни треба камион за да ги задоволиме неговите потреби“, рече Келси низ смеа.

Бидејќи пријателите постојано ги прашуваат како изгледа нивната интимна врска, Планина беше краток во својот одговор: „Таа е секогаш горе“.

Двојката се запознала во септември 2017 година кога Келси му пришла во ресторан и му побарала автограм. Веднаш светнала искра меѓу нив.

Би можело да ве интересира

Седмата сезона на “Игра на троновите“ со седум епизоди и почеток на лето

Предраг Петровиќ