ВИДЕО: Свиња брка грчки новинар во вклучување во живо

Од:

Добро утро, имаме еден проблем. Имаме една свиња овде што не брка од сабајле, со овие зборови грчки новинар го почна вклучувањето во живо во утринска емисија на телевизијата „Антена“.

Темата не беа животни, ниту свињи, туку новинарот се јави од областа Кинета, во западниот дел на регионот Атика, за да извести за вчерашните поплави. Меѓутоа, „непоканетиот гостин“, односно „гостинка“, со оглед на тоа дека новинарите од студио рекоа дека свињата е женка, не го остави репортерот да ги пренесе неговите информации.

-Извинете што не можам да застанам на едно место бидејќи ме гризе, рече новинарот додека со микрофонот, се обидуваше да и избега на свињата, која постојано трчаше по него.

Новинарот неколку пати се извини, а вклучувањето во живо по помлаку од една минута беше прекинато.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ