Свекрва и снаа ќе се степаа уште на венчавката

Од:

Нетрпеливост меѓу снаa и свекрa излезе на виделина во Калифорнија, кога за време на венчавка за малку не дошло до поголем инцидент меѓу невестата и мајката на младоженецот.

Скандалозниот момент се случил кога свекрвата, за време на венчавката на нејзиниот син со девојката Ана Регсдејл пред неколку месеци, го прекинала моментот на брачен завет со извик до снаата: „Не смееш да кажеш дека син ми има маани!“.

Ненадејното вмешување на свекрвата очигледно ги шокира присутните на венчавката, а по неколку секунди непријатна тишина, снаата одговорила, по што започна вистинска караница.

„Оди си. Нема да ми ја расипеш свадбата. Сите имаат маани, затоа и го сакам. Можеш да си одиш,“ гневно одговорила снаата.

Инцидентот во еден момент се заканувал да ескалира, кога свекрвата Џуди одбила да си оди, велејќи дека таа платила за венчалниот фустан.

Сепак, сестрата на Ана, која ја објави снимката на социјалните мрежи, вели дека свекрвата не успеала да застане на патот на љубовта меѓу младоженците, кои и натаму се во брак и сега имаат дете.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ