(ВИДЕО) Стравотна сцена: фудбалер се нафрли на судијата, го гонат за обид за убиство

Од:

Стравотни сцени од бразилските фудбалски терени.

Во дуелот на фудбалските клубови Гуарани и Сао Паоло РС, Вилијам Рибеиро дивјачки го нападна судијата Родриго Криваљеро. Откако го собори, го шутна со ногата во глава по што судијата ја иозгуби свеста.

Настапи паника, а полицијата влезе на теренот и го уапси фудбалерот.

Мечот беше прекинат во 59 минута, а судијата беше пренесен во болница, од каде што соопштија дека не се наоѓа во опасност.

Комесарот задолжен за истрагата, кажа дека фудбалерот ќе биде гонет за обид за убиство.

-Судијата беше удиран додека беше на земја, во беспомошна состојба. Можеше да претрпи сериозно оштетување на мозокот, рече тој.

Сао Паоло РС најави дека ќе го прекине договорот со Вилијам Рибеиро.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски