ВИДЕО: Стар „бетмобил“ откриен во Украина

Од:

Во стара гаража во Киев, Украина, е пронајден уникатен тркачки ЗАЗ запорожец. Автомобилот е создаден 1981 година како спортски прототип врз основа на ЗАЗ-968, но дизајниран да личи на „бетмобилот“ од стриповите за Бетмен.

Автомобилот, кој денес е видливо во лоша техничка состојба, има каросерија направена од фиберглас, единствена од својот вид. Веројатно, неговиот изглед бил дизајниран по нарачка.

Спортскиот ЗАЗ ги има и оние карактеристични врати што се отвораат нагоре, во стилот на Мекларен. Внатре има вградено безбедносна преграда и спортско седиште. Моторот има два карбуратора Вебер.

Сега, овој ЗАЗ, единствен од својот вид, ќе биде подложен на целосна реставрација.

А, дали ќе се појави во новиот филм, каде што човекот-лилјак ќе го глуми Роберт Патинсон, допрва ќе се дознае.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска