(ВИДЕО) Aктерката-ветеранка Ева Рас: Испаѓа дека сум развратна баба, а не бркам млади момчиња

Од:

80-годишната српска актерка Ева Рас ги демантира пишувањата на некои медиуми дека е во врска со Вук Ѓуриќ, кој има двојно помалку години од нејзе.

Актерката беше гостинка во емисија на телевизијата Прва, а за време на емисијата беше емитуван скеч што таа го снимила со двојно помладиот „дечко“. Легендарната актерка ја прашаа дали е вистина она што го пишуваат медиумите – дека нашла момче и дека е во врска со 40-годишниот Вук Ѓуриќ.

„Вие знаете дека тоа е актерски скеч, дека ја играв таа жена и дека тоа нема врска со мојот приватен живот. Јас сум глумица, а инаку тој скеч го снимавме и сакавме во овие матни времиња, кога од сè сме лишени, кога нè заплашуваат, да ги насмееме луѓето“, рече Рас.

„Од ова испаѓа дека сум јас некоја развратна баба што брка млади дечки. Не ги бркам и сама сум. Ако се осмелите да ми се додворувате, ќе добиете корпа,“ вели актерката-ветеранка, чија кариера трае над шест децении, со улоги во бројни култни остварувања на југословенската кинематографија.

Инаку, Рас уште пред осум години во една изјава, во многу помалку завиена форма и со многу понетактичен речник, кажа дека сексот веќе не ја интересира, откако пред речиси 40 години починал нејзиниот сопруг, а снимката бара сериозно предупредување за експлицитен говор:

„Сè уште се колебам, затоа што тој е премногу млад. Кога јас ќе имам 100 години, тој ќе има 50. Млад е, сладок и висок, ми се допаѓа, но не можам,“ рече актерката, а на неа во духовит тон се надоврза Ѓуриќ:

„Го имам клучот од Евиното срце. Ние навистина се сакаме, но чекам таа да ми ја остави својата пензија. Таа е мојата мала смоквичка. Планираме да одиме на море во мај“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов