Новиот спот на Тамара Тодевска за песната „Совршен крај“ помина без нејзино учество. Во спотот игра докажаната актерка од МНТ, Катерина Шехтанска и штотуку дипломираниот актер од ФДУ, Тони Денковски.
Tекстот на песната не кореспондира со содржината на приказната. Од текстот на песната е искористен лајтмотивот за несреќната љубов. Спотот раскажува за една интригантна љубов, што е огромен товар врз постигнатото и создаденото во животот на една жена.
Спотот е во реализација на Горила Филм – преку новиот закон за субвенционирани композиции. Музиката е дело на Тамара Тодевска и Нино Васков, аранжманот е дело на Нино Васков, додека текстот е на Владимир Крстевски – Франц.
Од Горила продукција најавуваат дека мошне скоро ќе се излезе долго очекуваниот албум „Еден Ден“, а концертната турнеја започнува претстојниот викенд во Неготино – Клуб Хавана.