ВИДЕО: Снегот оваа година ги изненади камилите во Саудиска Арабија

Од:

Обилен снег и виулици вчера го зафатија северозападниот дел на Саудиска Арабија, а во близина на градот Табук, снимена е реакцијата на неколку камили, кои не изгледаат воодушевено од новонастанатите снежни временски услови.

Снегот не е невообичаен за овој планински дел од Саудиска Арабија, а регионот околу Табук е позната туристичка одредница за многу луѓе од земјата и регионот, кои таму одат за првпат во животот да видат снег во живо. Некои туристи вчера возеле неколку стотици километри од Обединетите Арапски Емирати, за да можат да уживаат во зимската глетка.

Снежното невреме од средата зафати големи делови од Блискиот Исток и Медитеранот, вклучувајќи ги Либан, Сирија и Саудиска Арабија. Во некои региони, снег паднал за првпат во забележаната историја.

Властите издадоа предупредување за временските услови во повеќе делови од Кралството. Невреме со грмотевици, замрзнат дожд и снег се очекува во главниот град Ријад, како и во повеќе други големи градови.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он