(ВИДЕО) Шефицата ја дави вработенета поради користење пауза

Од:

Менаџерка на еден ресторан за брза храна во Портланд оудена е на условна казна од три години затвор поради физички напад на бремена колешка.

48 годишната Линда Виткерсон е прогласена за виновна за напад и давење на својата колешка. Судијата наложи да присуствува на часови за контрола на бесот, да плати 250 долари и да одработи 100 часа општествено корисна работа.

Видеото од безбедносната камера ја покажува расправијата во кујната од ресторанот помеѓу неа и Мери Хулет како прераснува во физичка пресметка кога менаџерката ја напаѓа работничката, ја фаќа за грло и почнува да ја дави.

Викткерсон во повеќе наврати се жалела од Хулет која поради бременоста повеќе пати заминувала на паузи во текот на работното време. Расправијата ескалирала кога Хулет во текот на паузата нарачала храна која не стигнала ниту до крајот на времето за пауза, по што менаџерката и забранила да руча, бидејќи тоа ќе го продолжело нејзиното време за одмор повеќе од предвиденото.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Четворица мажи се истепале во центарот на Скопје

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

(ВИДЕО) Хаос во Цетиње: Се степаа пратениците во црногорското Собрание

Горан Наумовски

Сопственик на кафeана претепал музичар, па му го оштетил и музичкиот инструмент

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода