ВИДЕО: Седумгодишно дете заработува 22 милиони долари годишно од Јутјуб

Од:

Седумгодишно момче кое оценува играчки заработи 22 милиони американски долари на Јутјуб оваа година, најмногу од сите јутјубери, пишува Би-би-си.

Магазинот „Форбс“ објави дека малиот Рајан од каналот „Рајан тојс ревју“ го надминал Џејк Пол за 500.000 долари.

Тој објавува видеоснимки речиси секој ден, а онаа во која рекламира големо сино јајце со своето лице од неделата имаше повеќе од еден милион прегледи.

На трето место е каналот The Dude Perfect со заработка од 20 милиони долари, пишува „Форбс“.

Приходите на Рајан двојно се зголемиле во споредба со минатата година.

Кога новинар на „Еј-би-си“ го прашал зошто децата ги сакаат неговите снимки, Рајан одговорил: „Затоа што сум забавен и смешен!”

Бидејќи тој сè уште е малолетен, 15 проценти од неговиот приход оди на банкарска сметка со која ќе располага кога ќе стане полнолетен.

Неговата сестра близначка, исто така, се појавува во некои видеа на поврзаниот Јутјуб канал „Рајанс фемили ревју”.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност