ВИДЕО: Саша Барон Коен упаѓа на крајнодесничарски собир во САД

Од:

Познатиот британски комичар Саша Барон Коен упадна на собир на крајни десничари во Вашингтон, маскиран, и отпеа расистичка песна за Барак Обама, Хилари Клинтон, Ентони Фаучи, Бил Гејтс и Светската здравствена организација, со цел да ги исмее организаторите на настанот.

Собирот на американско-канадската десничарска група што себе се нарекува „Триотстотници“ (Three Percenters), се одржа во паркот „Херитиџ“ завчера во Вашингтон, САД. Беше насловен како „Марш за нашите права 3“, и на него учествуваа околу 500 приврзаници.

Коен се појави маскиран и се претстави како лидер на политичка организација што сака да го спонзорира митингот. Тој со себе зеде и приватно обезбедување, што ги спречи организаторите на собирот да го исфрлат од сцената, но и да не му го исклучат микрофонот кога ќе почне да пее.

Во песната комичарот вели дека противниците на организацијата треба да бидат заразени со коронавирус, но и дека Светската здравствена организација треба да биде „скратена“ како што „тоа го прават Саудијците“.

Организацијата „Триотстотници“ е парамилитантна група основана 2008 година, во пресрет на изборот на Барак Обама како прв афроамериканец-претседател на САД. Американските власти ја означуваат групата како антивладина организација.

Би можело да ве интересира

Емилија Кларк ја продаде куќата во Лос Анџелес за 4,4 милиони долари

Ана Ололовска

Кристи Свонсон во одбрана на Доналд Трамп

Ана Ололовска

Џим Кери со роденденска порака до „белите шовинисти“ меѓу републиканците

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џастин Тимберлејк проговори за своето второ дете со глумицата Џесика Бил

Ана Ололовска

Д-р Дре повторно обвинет за семејно насилство

Ана Ололовска

Хејли Бибер оди на психолог поради троловите

Ана Ололовска