ВИДЕО: Руската бездомничка која со својот глас го освојува светот

Од:

На Твитер минатата седмица се појави снимка од распеана бездомничка која живее во подземната железничка на Лос Анџелес. Видеото кое го сними и сподели полицаец, потоа стана светски интернет-хит.

– Четири милиони луѓе го викаат Лос Анџелес – дом. Четири милиони приказни. Четири милиони гласови… Понекогаш само треба да застанете и да чуете само еден глас, да слушнете нешто убаво, стои во објавата на Твитер-профилот на Полицискиот оддел на Лос Анџелес.

Неколку дена потоа, американските медиуми открија дека се работи за Емили Замурка, доселеничка од Русија, која пред 30-тина години дошла во Лос Анџелес, односно кога имала 24 години. Студирала музика и заработувала претежно како улична музичарка, сѐ дури некој не ѝ ја украл виолината.

До неодамна, таа живеела во изнајмен стан, но поради проблеми со здравјето и трошоците околу тоа, морала да го напушти и останала бездомничка. – Сега спијам на картон, вели Замурка.

Таа е изненадена од популарноста на интернет, за којашто ја информираа репортерите на КАБЦ.

– Ако Бог сака животот да ми се смени, ќе го славам и ќе му бидам вечно благодарна, вели бездомничката со ангелски глас, како што ја нарекуваат некои нејзини нови обожаватели.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ