Пејачката Кристина Арнаудова го промовираше видео спотот за нејзиниот нов сингл „Розев дожд“, изработен од Дарио Јанковиќ. Спотот е сниман на Матка, а костимите се дело на Небојша Толески.
– Дадар како и секогаш беше задолжен за шминката и фризурата, а во спотот се појавуваат Ива и Стефан во улога на пар на кој му се случува емотивна приказна од песната, вели Арнаудова.
Музиката за „Розев дожд“ е напишана од Кристина Арнаудова и Бојан Трајковски, а аранжманот е на Бојан од Eye Cue.
Кристина Арнаудова најавува дека работи на нов материјал, но и дека се подготвува за неколку концерти низ Македонија.