ВИДЕО: Робот почнува работа во ресторан во САД – ќе прави 160 хамбургери на ден

Од:

Американскиот синџир ресторани за брза храна „Вајт касл“ вработи робот за приготвување хамбургери во соработка со новата роботичка компанија „Мисо Роботикс“, со седиште во Пасадена, Калифорнија, САД.

– Ние со ентузијазам ќе ја обезбедиме иднината на нашата кујна со одлуки кои ја трансформираат оваа индустрија и овозможуваат „Вајт касл“ да им служи на многу идни генерации, рече Лиза Инграм, директорка на угостителскиот синџир.

Проектот сѐ уште е експериментален и ќе се реализира само во еден ресторан, во Чикаго. Роботот почнува со работа в септември годинава. Може да прави 160 сендвичи на ден.

Автоматизираниот асистент е наречен Флипи и е опремен со вештачка интелигенција. Роботот може да ја постави плескавицата како полуготов производ врз скарата за печење и да ја превртува. Според „Мисо Роботикс“, машината работи со помош на термични сензори, со што го определува степенот на печење на плескавиците и да спречи храната да добие штетни својства.

Заменик-директорот на мрежата ресторани Џејми Ричардсон уверува дека работата на роботот нема да значи отпуштање луѓе.

Роботот, исто така, го сведува до минимум контактот на работникот со храната. Благодарение на вештачката интелигенција која постојано учи, роботот ќе ги прави хамбургерите секојпат сѐ подобри и подобри, а би требало и да се намали времето за подготовка.

Од недостатоците на роботот се издвојува неможноста да го подгрева кашкавалот, да ги сече другите состојки и да го обликува крајниот производ – сендвичот. Засега, за тоа се тука луѓето.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов

Махрез заврши во болница

Цените од 1 август ќе бидат референтни за поевтинувањето на прехранбените производи

Катерина Ѓуровски

Битиќи: Во ЕУ храната е поскапена 11, кај нас 46 отсто, правиме обиди да докажеме дека има договорање цени

Катерина Ѓуровски

Сарафимов: Нема покачување на цената на месото, оти житото е со ниска цена