(ВИДЕО) Репортер во Сирија не знаеше дека е во живо во програма, па се посрамоти

Од:

Репортерот на американската телевизија MSNBC не беше свесен дека преносот во живо веќе е започнат па реши набрзина да ја поправи својата фризура.

Мет Бредли ги згрози гледачите кои очекуваа да го слушнат неговиот извештај за поразот на Исламска држава во Сирија.

Од студиото кажаа дека најнова вест е дека територијата која ја контролира ИСИС е целосно ослободена по битката кај Багуз.

-Се зборува дека борби се уште се водат. Мет Бредли е во источна Сирија каде се наоѓаат последните остатоци на таканаречениот калифат. Мет, каква е ситуацијата-праша водителот.

Меѓутоа, јавувањето на репортерот од Сирија почна така што два пати плукна во рацете, а потоа со плунката се обиде да ја „залиже“ косата.

Тоа не помина незабележано, па на социјалните мрежи однесувањето на репортерот стана хит.

За некои снимката беше грозна, а за други смешна.

Би можело да ве интересира

„Репортери без граници“ објави сателитски пренос на независни ТВ вести во Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Познатата водителка ги бришеше солзите на сред вести, не можеше да престане да се смее

Предраг Петровиќ

Новинар и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде главен уредник на телевизијата на владиката Петар

Орце Костов

(ВИДЕО) На водителка не и го исклучија микрофонот за време на реклами, таа урла и се расправа со екипата

Предраг Петровиќ

Препорака до радиодифузерите најдоцна до 31 декември да воведат коментирање на македонски и на албански јазик

А1он

Владата ѝ наложи на АЕК да бара чаре за македонски и албански коментар на Спортклуб и Арена Спорт

Жарко Настоски