ВИДЕО: Прв трејлер за документарецот за Ноториус БИГ на Нетфликс

Од:

Нетфликс вчера, на официјалната страница го објави првиот трејлер за документарецот за животот на американскиот рапер Ноториус БИГ (The Notorious B.I.G.).

Филмот со наслов „Биги: Имам приказна да раскажам“ (Biggie: I Got a Story to Tell) треба да ја одбележи 24-годишнината од смртта на славниот рапер, чие вистинското име е Кристофер Волас, а кој сите љубители на рап-музиката ќе го паметат под псевдонимот Ноториус БИГ или „биги“. Според најавите, филмот треба да се најде на стрим-платформата на 1 март.

„Кристофер Волас или Ноториус БИГ е сè уште една од иконите на хип-хопот, и остана препознатлив по неговите автобиографски текстови. Овој документарец ги слави неговиот живот и наследството, преку ретки снимки од зад сцената и сведоштва на бројни пријатели и семејство”, соопштува Нетфликс.

Како што се наведува, документарецот ќе се осврне на животот на Биги и пред неговата раперска кариера и на неговиот подем во музичката индустрија. „Секоја легенда има приказна за своето потекло“, стои во описот. Во филмот ќе учествуваат многу личности од тоа време кои на овој или оној начин беа дел од животот на Биги.

Озлогласениот Б.И.Г. беше убиен 1997 година во престрелка во Лос Анџелес. Откако присуствувал на промоцијата на албумот „Life After Death“, Волас се враќал со својата придружба во хотелот во којшто престојувал. На патот кон хотелот се случило пукање во коешто едно лице испукало 4 куршуми кон раперот. Набргу потоа, лекарите во болницата само констатирале смрт. Тој имаше 24 години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Нетфликс стигна „Берлин“, што велат фановите

Катерина Ѓуровски

Најгледан акционен филм на Нетфликс во моментов е „Срце од камен“

Предраг Петровиќ

Клеопатра како црнка предизвика хаос: Повици да се блокира Нетфликс во Египет

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларни на Нетфликс: 15 најдобро оценети нови филмови

Предраг Петровиќ

Морничава приказна за семејството кое исчезна во една вечер во Франција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларна серија на Нетфликс-64 милиони луѓе ја гледаа новата сезона